Archive for June, 2014

2014

tf14

На 5ти јуни 2014 во Младинскиот Културен Центар во Скопје се оддржа четвртиот по ред Trash Fashion Macedonia.
На настанот се натпреваруваа 45 средни училишта со модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад кои на писта направена од стари водоводни цевки и пропратени со роботизирани аудио-визуелни ефекти се претставија со својот комплетен настап.
Членовите на жирито во состав Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновска-Костиќ, директор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, Росица Мршиќ – моден креатор, Тони Зен и Цаци Паковска – стилист доделија четири награди:
Наградата за најдобар моден додаток за ланче изработено од стари цд-а ја доби училиштето „Димитрија Чуповски“ од Велес. Третото место го доби моделот „Касилеи“ од училиштето „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, за креација изработена од фискални сметки и корсет од кибрити. Второто место го доби училиштето „Никола Карев“ од Скопје за моделот „Марија Антоанета“ изработен од картони и кутии за јајца. Првото место го освои моделот „Not another princess” од училиштето „Јосип Броз Тито“ од Скопје, изработен од искористени ленти од апчиња и стари крпи.
Наградниот фонд на Trash Fashion Macedonia го обезбедија партнерите: Стопанска Банка Фабрес, Божиновски и ОХО. (more…)