Macedonia

За Trash Fashion

По повод Светскиот ден на животната средина 5 јуни, „Здружението на граѓани ОХО”  во 2011 година, покрена иницијатива за организирање модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали Trash Fashion Macedonia.

Trash Fashion-Macedonia, претставува натпревар наменет за средните училишта во Македонија кои се вклучени во првата и втората година од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја импелемнтира ОХO во соработка со Министерството за Образование и наука.

Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.

Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во  изработка на облеки и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаење и навики за реупотреба на материјалите.