Macedonia

2012

На ден 05.Јуни. 2012 година по повод Светскиот ден на животната средина во Младинскиот Културен Центар во Скопје се одржа вториот по ред Trash Fashion Macedonia- модна ревија на креации направени со редизајнирани материјали од отпад кои ги изработија тимови од 37 средни училишта во Македонија.

Целта на овој настан е подигнување  на  општествената свест за значењето и зачувувањето на природата, со намалување на отпадот преку неговата реупотреба.

Фустани од портокалови лушпи, шапки од кеси, елече од компјутерски мауси, корсет од обвивки од чоколадо беа некои од креациите  кои се претставија на пистата претворена во двор со трева и ограда од стари картони обвиткани со ќеси за отпад.

Покрај официјалните учесници, учениците од средните училишта  „Георги Димитров“ и „Лазар Личеноски“ се претставија со два модела изработени од стари броеви на Теа Модерна и од капачиња и шишиња на Пелистерка, како дел од заложбите на овие компании да ја промовираат заштитата на животната средина.

Во паузата, додека жирито гласаше за најдобрите креации, танцовата група „Брејк а лег“и двајца ученици од Радовиш кои направија своја хип хоп песна специјално за Trash Fashion имаа свој настап.

На Trash Fashion Macedonia се додели прва, втора и трета награда од страна на шестчленото жири во следниов состав:

Г-дин Гералд Делезе – заменик амбасадор на Швајцарија

Г-ѓа Весна Хорватовиќ – Директор на Бирото за развој на образование

Г-ѓа Снежана Богдановска – моден новинар

Г-ца Ана Зафирова – главен и одговорен уредник на Теа Модерна

Г-дин Александар Билјаноски – Дадар –мејк ап артист

Г-ца Зорица Велковска – коориднатор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ од Министерството за образование и наука.

Учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ ја доделија наградата „Ученици за ученици“.

Првонаградениот тим од скопската гимназија „Никола Карев“ со крацијатат „Лејди крава“ доби 5 мобилни телефони од Сеавус; второнаградениот тим од училиштето „Браќа Миладиновци“ со креацијата „United colours of beneton” од Скопје доби два полни пансиони во хотел Белведер- Охрид; третонаградаениот тим  со креацијата “Пат кон вселената“ од струмичкото училиште „Јане Сандански“ доби 5 часовници од Божиновски-накит и часовници; наградените „Ученици за ученици“ од  училиштетео „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, со креацијата „Crazy paper girl” добија 5 мп3 плеери. Менторите на сите наградените тимови добија вредносни ваучери од Божиновски-часовници и накит.

За време на Trash Fashion, Сеавус заедно со “Сеавус едукација и развоен центар”- (SEDC)  одржаа работилница за електорнски отпад за сите ученици кои беа дел од овој настан.

Trash Fashion Macedonia е во организација на ОХО- Здружение за едукација, комуникација и консалтинг и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка   и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Trash Fashion Macedonia 2012 го помогнаа: Пелистерка АД, ЕВН Македонија, Хотел Белведере-Охрид, Фрагмент комуникации, Божиновски-часовници и накит, Сеавус и Теа Модерна.

%d bloggers like this: